in

WHATSAPP постави нови услови: Еве за што ќе треба да размислуваат сите до 8-ми февруари!

„WhatsApp“ ќе ги принуди корисниците да се согласат со новата политика за приватност во текот на следниот месец или во спротивно ќе го изгубат пристапот до апликацијата.

Прифаќањето на условите ќе значи дека приватните податоци на корисникот, вклучително и неговиот телефонски број, ќе бидат споделени со Фејсбук, кој е сопственик на Вокап. Сите корисници мора да се согласат на новите услови до 8 февруари 2021 година, во спротивно ќе го изгубат пристапот до своите пораки и контакти. Ажурирањето доаѓа во форма на известување во рамките на апликацијата, што корисниците можат да го игнорираат додека не пристигне датумот.

„По овој датум, ќе мора да ги прифатите новите услови за да продолжите да користите WhatsApp. Може да го посетите и центарот за помош ако сакате да ја избришете вашата сметка“, информира апликацијата.

WhatsApp одби да го коментира ажурирањето, но нивниот портпарол рече дека ажурирањата на политиката за приватност се „вообичаени во индустријата“ и дека корисниците имаат „доволно време“ да ги прегледаат. Ажурирањето е дизајнирано да „понуди интеграции во производите на Facebook“, што исто така вклучува Instagram и Messenger.

Собраните податоци вклучуваат „ниво на батерија, јачина на сигнал, верзија на апликација, податоци на прелистувач, мобилна мрежа, податоци за конекција, јазик и временска зона, IP адреса, податоци за перформансите на уредот и идентификатори (вклучувајќи уникатни идентификатори) на производите на Facebook поврзани со истите уред

Новото правило значи и дека едноставно бришење на апликацијата од уредот нема да спречи WhatsApp да ги задржи приватните податоци на корисниците. Политиката наведува дека дури и по употребата на оваа одлика за бришење, некои податоци ќе останат во компанијата, наведувајќи: „Кога ќе ја избришете вашата сметка, тоа не влијае на вашите податоци што се однесуваат на групите што сте ги создале или на информациите што другите корисници ги имаат за вас, како на пр. нивните копии од пораките што им ги испративте “.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote