in

ТаженТажен

Крај на Вимблдон за Серена Вилијамс! Го предаде мечот поради повреда!

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс го заврши натпреварувањето на Вимблдон во првото коло, бидејќи го предаде мечот на Алиаксандра Саснович на средина од првиот сет поради повреда на глуждот.

Освојувачот на 23 грен слем титули, од кои седум на Вимблдон, се здоби со повреда со резултат 3: 3 во игрите, бидејќи зачекори незгодно.

Таа се обиде да го продолжи натпреварот, но на крајот со солзи го напушти Централниот терен.

Искусната, 39-годишна тенисерка последен пат славеше на Вимблдон пред пет години. Во претходното издание, таа стигна до финалето, каде беше поразена од Симона Халеп.

Прашање е дали ова е крај на нејзиното играње на најпрестижниот турнир, имајќи предвид дека во септември ќе влезе во петтата деценија од својот живот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote