in

Што?Што?

СЕРИОЗНИ СОМНЕЖИ! „Намештаљка“ на Вимблдон?

Најмалку два натпревари одиграни на Вимблдон се под истрага поради потенцијално местење, пренесуваат странските медиуми.

Германскиот „Die Welt“ доби информација за „можните манипулации“ што можеа да се случат на Грен слемот во Лондон, а кои се однесуваат на еден натпревар во сингл и на еден во двојки.

Наведено е дека неколку обложувалници ги пријавиле тие натпревари поради низа необични обложувања, иако не се познати деталите.

Што се однесува до двојките, тоа е наводно натпревар од првото коло за мажи.

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) е задолжена за започнување истраги за местење натпревари. На прашањето дали се испитувало што се случило на Вимблдон, од агенцијата велат дека не можат да коментираат за одделни случаи од оперативни причини, но дека имаат соодветни информации.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote