in

Вулверхемптон го потпиша напаѓачот на Барселона!

Вулвехемптон го потврди потписот на младото крило на Барселона, Франциско Тринкао на позајмица со куповна опција.

Португалскиот репрезентативец, кој беше дел од победничката екипа на Куман во финалето на Копа дел Реј, и се приклучи на Барселона од Брага во 2020 година. Сега пак, тој ќе заигра за Вулверхемптон во Премиер Лигата следната сезона.

Трикао најпрвин го привлече вниманието на скаутите кога играше во младинските категории на Брага, но исто и на Европското првенство за помлади од 19 години, кога Португалија го освои натпреварувањето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote