in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Принцот Вилијам и Кејт отворија свој канал на YouTube! [ВИДЕО]

Војвотката и војводата од Кембриџ, Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија дека отворија свој канал на YouTube.

Во твитот што го објавија денес, тие напишаа „Сега сме на YouTube“, додавајќи линк за сите следбеници, пренесува Индипендент.

Прво, како најава на каналот YouTube, тие објавија клип во кој се прикажани како вршат бројни кралски должности, со детали зад камерата што јавноста досега немаше можност да ги види.

Снимките ги прикажуваат крајно неформално и опуштено, што не е начинот на кој се прикажуваше кралското семејство.

Тие ја започнаа оваа практика претходните недели, кога беше објавено семејното видео, како дел од десетгодишнината од нивниот брак. Тие ги споделија среќните моменти на своето семејство, додека со своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, шетаат во шума, играат на плажа и печат колачиња на оган, што беше оценето како невообичаено лично и сентиментално потег од припадници на монархијата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote