in

Пикфорд нема да заработи санкција по инцидентот со Ван Дајк

Голманот на Евертон Џордан Пикфорд нема да заработи санкција откако беше разгледан неговиот инцидент со Вирџил ван Дајк во дербито што се одржа во сабота помеѓу двата градски ривали. Федерацијата на Англија потврди дека инцидентот бил забележан за време на натпреварот и не беше казнет тогаш, па нема потреба да се казни и сега.

Дефанзивецот на Ливерпул здоби повреда на лигаментите откако беше соборен од Пикфорд во 11тата минута од натпреварот. Оваа повреда најверојатно ќе го остави надвор од терените подолг временски период. Федерацијата има право дополнително да казни некој играч после некој натпревар, но тоа се случува многу ретко.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote