in

Дознајте колку ќе ве чини прошетка до вселената! Резервациите започнаа уште од сега

Заборавете ги ракетите на Илон Маск, за само 125 илјади долари, можете да се „прошетате“ до вселената со балон!

Секој месец, се повеќе и повеќе напредува индустријата за патување во вселената. Неодамна беше соопштено дека Џеф Безос со неговиот брат ќе ја напуштат планетата на краток период, а Том Круз и Илон Маск ќе се обидат да го снимат првиот филм во вселената.

Сега пристигнаа и првите комерцијални летови. Доколку имате заштедено 125 илјади долари, вие можете да отидете на „екскурзија“ до вселената со балон кој работи на хидрогенски погон. Ваквиот проект го објави компанијата Space Perspective од Флорида, а летовите се планира да започнат во 2024 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote