Магдоносот е зачин кој најчесто се користи во секоја кујна. Богато е со антиоксиданти и витамин Ц, се препорачува да се користи во готвење, но и при подготовка на здрави пијалоци. Го подобрува варењето и ја намалува надуеноста.
Пијалок за слабеење од магдонос
Ако го измешате со лимон и обична вода, ќе добиете моќен пијалок за согорување на калории. Жените кои ја испробале оваа неверојатна напивка тврдат дека изгубиле 2 килограми за само пет дена.
Состојки:
- 60 гр свежа магданос
- 1 лимон
- 200 мл вода
Подготовка:
Во блендер ставете магданос и изблендирајте. Додадете вода и исцеден сок од лимон, и сè мешајте добро додека не добиете компактна течност.
3 правила за пиење пијалок направен од магдонос и лимон
Пијте го пијалокот веднаш откако ќе се разбудите, или пред утринското кафе, појадок или кој било друг пијалок. Пијте го секое утро пет дена.
Направете пауза од 10 дена, а потоа повторете ја постапката за пиење ако сакате да изгубите повеќе килограми.
Може да направите и чај од магданос, се препорачува и за слабеење, но го отстранува само вишокот вода од телото, а не масните наслаги. Ако ви треба, еве го рецептот.
Состојки:
- 2 лажички сушен магдонос или 1 лажица свежо сецкан
- 250 мл топла вода
Подготовка:
Истурете ја зовриената вода и оставете ја да биде покриена 10-15 минути. Исцедете го чајот и пијте го топло, а за подобар вкус можете да додадете малку лимон или мед.
Коментари
Loading…