in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

АКО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗАМЕСИТЕ ТЕСТО, ОВОЈ РЕЦЕПТ ЌЕ ВЕ РАЗУБЕДИ: Лепчиња кои личат на мафини (ВИДЕО)

Лесно, брзо и едноставно подгответе лепчиња со прекрасен изглед.

 

По првиот залак, тој ќе ви стане омилен леб, бидејќи е толку мек и лесен за правење. Нема да можете да одолеете на овие лепчиња, а може да ги послужите со кајмак, шунка или домашно сирење.

Состојки:

300 гр брашно
210 мл млеко
2 лажици шеќер
прстофат сол
1 лажичка сув квасец
2 лажици несолен путер

 

Подготовка:

Истурете млеко, квасец и шеќер во сад, промешајте и оставете да се активира 5 минути. Потоа додадете брашно и сол и комбинирајте ја смесата. На крај додадете го путерот и добро измесете го тестото. Покријте и оставете да се удвои. Потоа кратко замесете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 6 дела. Обликувајте го секое парче во топка. Покријте и оставете го 15 минути.
Секое топче малку раширете го со прстите и исечете го на 3 дела, па повторно обликувајте ги топчињата. Се редат во калап за мафини, се ставаат по 3 топчиња. Покријте и оставете да се удвои.
Премачкајте со млеко и печете на 180 ° C околу 15 минути.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote