in

ШОКАНТНО: МУТАЦИЈА НА КОВИД-19 пронајдена во Данска!

Според најновите информации, мутација на вирусот КОВИД-19 беше пронајдена во фарми за визони во Данска. Вирусот мутирал во организмот на животните и сега е потврдено дека неколку жители на градот Јутланд се заразиле со мутираниот КОВИД-19. Вирусот се променил со што може да предизвика проблеми за време на вакцинирањето, односно да стане имуна на вакцината! Според Ветеринарската Агенција на Данска, вирусот бил забележан во 1,137 визони, додека во државата постојат над 12 милиони такви животни.

Премиерот на Данска во прес конфернеција за јавноста изјави: „Вирусот мутираше во визони и мутираниот вирус се рашири кај луѓето. Мутираниот вирус ги вклучува опасностите да биде имун на вакцината за КОВИД-19 која треба да пристигне. Исто така постои опасност овој вирус да се прошири низ целиот свет.“ Министерот потврди дека Данска ќе ги убие сите 12 милиони визони како превенција од новомутираниот вирус.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote