in

Забрането е влегување на големи крстосувачи во Венеција од август!

Од 1 август големите крстосувачи повеќе нема да можат да влегуваат во центарот на Венеција, објави италијанската влада.

Италијанскиот премиер Марио Драги ја поздрави важната фаза за зачувување на венецијанските лагуни, кои биле изложени на постојано пристигнување на бродови со милиони посетители во тој град со децении.

Бранителите на наследството и животната средина со години укажуваат на големи бродови кои го загрозуваат чувствителниот екосистем на лагуната и темелите на венецијанскиот историски центар.

Дебатата беше рестартирана минатиот месец со враќање на крстосувачот по неколкумесечно прекинување поради пандемијата.

Бродовите со повеќе од 25.000 тони бруто тежина, подолги од 180 метри и повисоки од 35, чии емисии на сулфур се над 0,1 процент, повеќе нема да можат да влегуваат во пристаништето Свети Марко, каналот Свети Марко и каналот на Џудек.

Тие ќе мора да се закачат на индустриското пристаниште Маргера, каде ќе биде обезбедена инфраструктура, додека помалите крстосувачи (со околу 200 патници) сепак ќе можат да се закотват во центарот на градот, се вели во соопштението на владата.

Министерот за култура и наследство Дарио Франческини рече дека Италија сака да избегне специфичен ризик градот да биде запишан на списокот на загрозено наследство.

Владата набрзина ја донесе оваа одлука затоа што советничките тела на УНЕСКО предложија на крајот на јуни Венеција да се најде во списокот на загрозено светско наследство, а Комитетот за светско наследство треба да го разгледа тоа прашање на состанокот во Кина од 16 до 31 јули.

УНЕСКО ја поздрави оваа одлука на Владата на Италија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote