Челниците на Серија А одлучија дека од сезоната 2022/23. да им забрани клубовите да користат дресови во кои доминира зелената боја.
Одлуката е резултат на притисок од телевизиските компании, кои сметаат дека зелените дресови доведуваат до спојување со бојата на теренот, што лошо влијае на преносот на сликата.
Минатата сезона во Серија А, резервните комплети на Лацио и Аталанта беа зелени, додека традиционалните бои на Сасуоло беа зелено-црни.
Ќе биде интересно да се види реакцијата на клубовите на оваа одлука на лигата.
Коментари
Loading…