in

Во Германија е забрането носење шалови наместо маски!

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 германски провинции денеска се согласија да го продолжат времетраењето на „забраните“ за повеќето продавници и училишта до 14 февруари, како дел од новиот пакет мерки против ширење на коронавирусот.

„Време е да се преземат превентивни мерки против заканата од овој вирус“, рече Меркел на прес-конференција по состанокот со премиерите на германските покраини.

Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат маски со крпа или шалови како замена за маски во јавниот превоз, објавија претходно германските медиуми.

Иако бројот на новоинфицирани се намали во последните денови, падот на бројот на новоинфицирани во Германија мора дополнително да се забрза за да се спречи ризикот од ширење на новиот вид на коронавирус.

Во последните 24 часа биле регистрирани уште 11.369 заразени со вирусот корона, вкупно 2,05 милиони и уште 989 мртви, вкупно 47.622 од почетокот на пандемијата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote