in , ,

УбавоУбаво WTFWTF

Загатка на Ајнштајн до чие решение дошле само 2% од луѓето – ќе успеете ли вие?

Дали вашата интелигенција може да ви помогне да го пронајдете решението на оваа загатка на Ајнштајн?

Ајнштајновата загатка е логички тест за кој се тврди дека можат да го решат само 2 отсто од луѓето. Наречена е по славниот физичар, а истата гласи вака:

Пет куќи се обоени во пет различни бои и во сите куќи живеат лица со различна националност.

Петте сопственици пијат одреден пијалак, свират на одреден инструмент и чуваат одредени домашни миленици. Ниту еден сопственик нема исто милениче, инструмент или пијалак.

Ваша задача е да одговорите на прашањето: кој чува риби?

Има само едно решение, а патем треба да откриете кој во која куќа живее, од која националност е, каков пијалак пие и на кој инструмент свири.

Податоци кои ви се потребни за да ја решите задачата:

1. Британецот живее во црвена куќа
2. Швеѓанецот чува куче
3. Данецот пие чај
4. Зелената куќа е лево од белата
5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе
6. Оној што свири на виолина одгледува птици
7. Сопственикот на жолтата куќа свири клавир
8. Сопственикот на средната куќа пие млеко
9. Норвежанецот живее во првата куќа
10. Човекот што свири на труба живее покрај оној што чува мачки
11. Човекот што чува коњи живее до оној што свири клавир
12. Оној што свири на хармоника пие пиво
13. Германецот свири на гитара
14. Норвежанецот живее покрај сината куќа
15. Човекот што свири на труба има сосед што пие вода

Прашањето е: кој чува риби?

Мислите дека знаете? Проверете го решението подолу.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.

Рибите ги чува Германецот, кој притоа живее во зелената куќа, свири на гитара и пие кафе.

Ако е ова решението до кое и вие дојдовте, честитки, спаѓате во групата генијалци!

 

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote