in

Вилфрид Заха позитивен на КОВИД!

Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха е позитивен на коронавирусот и оди во самоизолација, потврдија од клубот. 28 годишниот фудбалер беше изпставен од натпреварот со Барнли во Премиер Лигата кој се одигра минатиот понеделник. „Тој ги чека резултатите од следниот тест“ одговори менаџерот Рој Хоџсон откако беше запрашан зошто Заха не игра.

„Тој се чуствува добро, но за жал тестот за ковид е позитивен и мора да се почитува протоколот.“ изјавија челниците од клубот по позитивниот тест на Заха. Заха е клучен играч на Палас веќе години наназат, а оваа сезона има постигнато 5 погодоци во Премиер Лигата. Следен противник на Палас е Њукасл и ќе се сретнан во петок.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote