in

Сопругата на Занарди: Алекс е стабилен, но сè уште не може да зборува!

Поранешниот возач на Формула 1 и тркач на Индикар, Алекс Занарди е во стабилна состојба, но тој сè уште не може да зборува, откри неговата сопруга Даниела.

„На сите луѓе што мислат на Алекс и се молат за него, сакам да им кажам дека тој се бори, како и секогаш. Љубовта што ја доби минатата година од пријатели, фанови, познаници, спортисти и сите во мотоспортот е навистина трогателна, тоа беше огромна поддршка за нас во борбата против сето ова. Сепак, посебна благодарност до медицинскиот персонал “, рече Даниела Занарди.

Сопругата на Алекс објасни дека нејзиниот сопруг е стабилен, но дека тој не зборувал од несреќата.

„Тоа е сложен процес, потребни беа повеќе неврохируршки процедури и имаше неколку чекори назад. Алекс е во стабилна состојба, што значи дека може да следи програма за тренирање на мозокот и телото. Тој може да комуницира со нас, но сè уште не може да зборува. По долго време во кома, гласните жици мора да ја вратат еластичноста, а тоа е можно само со терапија. Тој сè уште има многу сила во своите раце, тренира интензивно “.

На крајот, Даниела повторно им се заблагодари на сите за поддршката и рече дека сè уште нема прогноза кога Алекс би можел да се врати дома.

Повеќекратниот параолимписки шампион, кој ги загуби двете нозе во несреќен случај на трката во Индикар во 2001 година, по несреќата што ја имаше во јуни минатата година, беше ставен во индуцирана кома затоа што имаше и сериозна повреда на главата, лицето и мозокот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote