in

Започна вакцинацијата во Албанија!

Во Албанија вчера започна вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама.

„Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19“, напиша Рама на својот Фејсбук профил.

Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати.

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и Бионтек.

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote