in , ,

Што?Што?

ЗАСТРАШУВАЧКА СНИМКА И ПАНИКА НА МОРЕ: Ајкула скокна од водата и нападна параглајдерист!

Ајкула му го одгриза стопалото на турист во местото Акаба во Јордан на Црното море. Застрашувачката снимка покажува дека двајца мажи лебдат над водата со падобран закачен на глисер.

Во еден момент тие најверојатно застанале за да одморат. Додека биле на површината на водата, ајкула скокнала од длабочините и го фатила еден од двајцата за нога.

Видеото е снимано во петокот, стопалото го загуби 37-годишен Јорданец. Имал искинати тетиви, мускули и скршеници на неколку коски.

Повредениот турист веднаш бил пренесен во локалната болница каде му било оперирано десното стопало. Во моментот тој се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

 

Мохамад Катавне од меѓународниот нуркачки центар Акаба за локалните медиуми изјави дека нападите на ајкулите во заливот Акаба, иако се шокантни, се ретки.

„Нуркам 20 години и првпат слушам за напад на ајкула“, рече тој.

Ајкулите нападнале уште неколку лица во Црвеното Море во текот на изминатата година. Овие инциденти беа на југ, во близина на египетскиот брег.

 

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote