Централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк сака да се врати посилет откако дозна дека мора да оди на операција поради повредата што ја здоби во дуелот со Пикфорд против Евертон. 29-годишниот Холандски дефанзивец не можеше да го продолжи натпреварот по дуелот што се случи во 11тата минута.
Сеуште не е јасно колку време тој ќе паузира од терените, но според некои информации дознаваме дека сезоната за него можеби е завршена. „Сега се фокусирам на моето закрепнување и ќе направам се што е потребно за да се вратам што е можно поскоро. Во фудбалот, како во животот се се случува со причина и битно е да ја задржите главата крената нагоре“ изјави Вирџил.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…