Брзи бомбици готови за 10 минути за кој се потребни само 3. состојки, а вкусот е неверојатен!
Бомбици од овесни снегулки
Потребни состојки:
- 1 чаша овесни снегулки
- 2 банани
- Грст суво грозје
Начин на подготовка:
Изгмечете ги бананите со помош на вилушка. Потоа додадете овес и суво грозје и добро промешајте. Загрејте ја рерната на 175 степени.
Бомбиците обликувајте ги и ставете ги во плехот обложен со мрсна хартија и печете ги во рерна 10 минути. Од оваа смеса излегуваат околу 10 бомбици.
Од кога ке поруменат малку – одма се вадат и спремни за сервирање!
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…