Знаеме дека имунитетот е одговорен за стабилното функционирање на нашиот организам, дека неуморно нè штити од разни бактерии и вируси кои демнат, особено во студените, зимски денови, но дали знаеме како работи?

Имунолошкиот систем се состои од комплексна мрежа на органи и ткива, клетки и протеини кои работат заедно за да го заштитат телото од штетни влијанија на животната средина. Тој на илјадници различни начини, континуирано и доследно му помага на нашето тело , но својата работа ја извршува претежно тивко и незабележано.
Поголемиот дел е во цревата. Затоа, рецептот за правилна и силна работа на имунолошкиот систем е едноставен, а тој подразбира правилна и урамнотежена исхрана, со кои ќе му ги обезбедиме на организмот потребните витамини, минерали и хранливи материи.
Покрај тоа, треба доволен сон и редовна физичка активност. Неопходно е за неговото функционирање да се намали стресот на најниско можно ниво, бидејќи докажано е дека стресот ја намалува имунолошката одбрана на организмот.
Секој ден (наутро и пред спиење) направете нежна масажа на стомакот во пределот на папокот. Ова дефинитивно ќе ја подобри работата на цревата. Нашата задача е да ја одржуваме чистотата и здравјето на нашето тело.
Коментари
Loading…