in

ЖЕНИ ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ! Здрави закуски кои особено им се препорачуваат на жените!

Познат факт е дека жените копнеат по одредена храна за време на менструалниот циклус. Еден месец може да копнеат по солена храна и друг месец може да копнеат по слатка храна.

„Најдобро би било да грицкате нешто богато со протеини или темно чоколадо со 85 проценти какао“, изјави гинекологот д-р Венди Трубу за „Mind Body Green“.

Зошто овие две намирници се добри за грицкање за време на менструалниот циклус?

Храна богата со протеини

„Понекогаш, кога има желба за нешто, многу е веројатно затоа што сте гладни. Затоа идеален избор е храна богата со протеини што ќе ви обезбеди што ви треба, а истовремено ќе ве засити“, објаснува лекарот.

Истражувањата покажуваат дека протеините помагаат во умерено лачење на инсулин, што доведува до постепено зголемување на нивото на шеќер во крвта, а не до ненадеен скок. Затоа ќе бидете сити подолго, нема да чувствувате глад толку често.

Ако не знаете што да јадете, многу експерти препорачуваат кремаста храна богата со протеини, како што се хумус, густ јогурт и путер од ореви.

Ако копнеете по солено, јадете хумус со солени крекери, а ако сакате нешто слатко, одберете путер од кикирики со банана или јогурт со бобинки.

Темно/Црно чоколадо

Ако сè уште посакувате слатки по високо-протеинска закуска, темното чоколадо може да ви помогне. Голем процент на какао, 85 проценти или повеќе, е добар за здравјето и таквото чоколадо не содржи дополнителен шеќер или други несакани состојки.

Гинекологот советува кога ќе добиете желба да грицкате за време на менструалниот циклус, прво да јадете ужинка богата со протеини, а потоа да се почестите со ред црно чоколадо.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote