Мусли и јогурт – екстремно вкусен тандем на вкус кои се вклопува заедно како мек и здрав колач… направете вкусна и здрава закуска за 15 минути.
Потребни состојки:
- 2 чаши (200 ml) мусли (по избор)
- 200 мл јогурт
- 1 лажица мед
- 1 лажица џем (по вкус)
- 2 лажички рендана кора од портокал или лимон
- 1/2 лажиче прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Во сад ставете мусли и додадете го јогуртот, се остава околу 10-тина минути да омекне. Потоа додадете ги сите останатите состојки и добро измешајте.Ако сакате поголема количина на колачи, тогаш дуплирајте ја количината на состојките.
Со лажица ставете ја смесата на влажна дланка и обликувајте ги колачите. Колачите ставете ги на хартија за печење. Печете 15 минути на 180 ° С.
Колачите се со убав мирис, многу сочни и меки. Следниот ден тие се уште подобри и повкусни.
За овие колачи препорачувам да користите мусли од овошје.
На здравје и добар апетит! 🙂
Коментари
Loading…