in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Зошто е добро да јадете кикирики секој ден?

 

Оваа позната намирница содржи повеќе од 30 важни витамини и минерали, има повеќе протеини за разлика од другите јаткасти плодови и е одличен извор на влакна и масти.

Истражувачите открија дека секојдневното јадење кикирики може да му помогне на здравјето на срцето.

Научниците укажуваат на тоа дека со консумирање на 400 г јаткасти плодови, вклучувајќи ги и кикириките, можe да ce намали ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

Ако јадете кикирики секој ден ќе добиете витамини, протеини, минерали и уште многу други работи.

Кикириките содржат повеќе протеини од останатите јаткасти плодови – дури 7 грама по оброк. Исто така се богати со есенцијални витамини и минерали, но и влакна и масти.

 

Витамини и минерали

Витаминот Е е прехрамбен антиоксидант кој ги штити клетките од оксидативниот стрес.

Магнезиумот е важен за работата на мускулите, вклучувајќи го срцето, функцијата на ензимите и производство на енергија.

Бакарот е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца и за здрави крвни садови, имунолошкиот систем, нервите и коските.

Влакната влијаат на чувството на глад. Помагаат и на дигестивниот систем.

Кикириките се одличен извор на манган и ниацин.

Манганот е важен за преработка на холестеролот и хранливите супстанци како што се протеините и јаглехидратите, а ниацинот е важен витамин Б кој ја претвора храната во енергија, му помага на дигестивниот систем и  има позитивно влијание на кожата.

Затоа е добро да јадете кикирики секој ден.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote