in

Зелка во рерна: Ред месо, ред зелка! Идеален неделен ручек за целото семејство!

Наш предлог за викенд ручек е зелка во рерна, треба подолго да се крчка, но вреди да се чека.

Состојки:

  • 1 главица зелка (средна големина)
  • 2 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 морков
  • 500 мл сос од домати
  • 1 кг свинско месо
  • Сенф
  • масло
  • Суви зачини

Подготовка:

Пропржете кромид, моркови и лук во тава. Додадете го сосот од домати и оставете го да се крчка малку. Месото исечено на шницли добро превртете го во сув зачин, потоа во сенф, па ставете во тенџере. Така секое парче месо. Потоа исечете ја зелката на големи парчиња, посипете го секое парче со многу масло, сув зачин и сенф и наредете го врз месото. Додадете чаша вода (околу 150 ml), потоа покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја во рерна, загреана на 200 степени. Оставете ја зелката да врие 3 часа. После тоа, извадете ја фолијата, промешајте и оставете го да се крчка во рерна уште еден час. Послужете топло.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote