Женската џинова желка е откриена во 2019 година за време на експедиција на островот Фернандина, а за да ја докажат врската, научниците зеле примероци од женката и ги споредиле со остатоци од машки пол од видот Helonoidis fantastikus, пренесува Би-Би-Си.
Последен пат овој вид бил забележан во 1906 година, кога научниците од Калифорниската академија на науките пловеле на островите Галапагос за да спроведат сеопфатно истражување на флората и фауната.
Токму овие примероци им овозможија на генетичарите од Универзитетот Јеил да утврдат 115 години подоцна дека женката, позната и како желка на Фернанда, навистина припаѓа на родот Helonoidis fantastikus.
¡Se creía extinta hace más de 100 años! Hemos reconfirmado su existencia. La tortuga de la especie Chelonoidis phantasticus fue encontrada en #Galápagos. Empezar con tan buenas noticias nuestra gestión es una linda coincidencia. La esperanza está intacta. #JuntosLoLogramos pic.twitter.com/KOmBMLIfEY
— Gustavo Manrique M. (@GustavoManriq_M) May 25, 2021
Министерот за заштита на животната средина, Густаво Манрике, објави на Твитер огромната желка Фернандин.
„Надежта е жива“, додаде тој.
Во моментов, оваа желка се наоѓа во центар за размножување на островот Санта Круз.
Директорот на Националниот парк Галапагос, Дени Руеда, изјави дека ќе биде покрената експедиција на островот Фернандина, со цел да се најдат други припадници на овој вид.