in , ,

СлаткоСлатко Што?Што?

Истражување – Земја без излез на море прогласена за најдобра во Европа за пливање

Неделава Европската агенција за околина (EEA) објави нов извештај за квалитетот на европската вода погодна за капење.

Се наведува дека речиси 85 отсто од дестинациите за капење во Европа се рангирани како „одлични“, пренесува „CNN“.

Годишниот извештај за вода за капење го следат речиси 22.000 копнени и крајбрежни места за капење во земјите членки на ЕУ, Албанија и Швајцарија.

Земјите не мора да имаат излез на море за да би се нашле на оваа листа затоа што предвид се земаат и езерата. Велика Британија која ја напушти ЕУ, првпат изостанува од извештајот.

Австрија, земјата без излез на море позната по бројни прекрасни езера, вклучувајќи ги и алпските води од езерцата Ахен во Тирол и смарагдното езеро Вејсен, се наоѓа на врвот на листата. Дури 97,7 отсто од нејзините води се прогласени за одлични.

Веднаш после неа, во топ пет се наоѓаат МалтаГрцијаХрватска и Кипар.

 

 

 

Португалија се најде на 10-то место со 88,5 отсто, а следат Италија и Шпанија.

Дестинацијата која им е привлечна на туристите, Франција, заостанала на листата со 75,5 отсто. Полска е најниско рангирана со само 44,5 отсто.

 

 

 

За да дојдат до овие резултати, Европската агенција во соработка со Европската комисија, направиле процена така што локалните и националните власти ги зеле предвид водите во текот на сезоната за капење, па анализирале присутност на бактерии кои укажуваат на загадување од канализации и одгледување стока.

Во првите 10 во однос на квалитетот на водата за капење според ЕЕА се:

1. Австрија (97,7%)
2. Малта (96,6%)
3. Грција (95,8%)
4. Хрватска (95,7%)
5. Кипар (93,3%)
6. Данска (91,9%)
7. Германија (90,4%)
8. Бугарија (89,8%)
9. Литванија (89,2%)
10. Португалија (88,5%)

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote