in

ТаженТажен

ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,6 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ЈАПОНИЈА

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди центрачниот регион Ното во Јапонија. Јапонските власти издадода  предупредување за можно цунами. Од жителите во крајбрежната област Ното во префектурата Ишикава беше побарано „веднаш да се евакуираат на повисоките места“, соопшти националната телевизија.

Телевизијата сопшти дека бранови високи и до 5 метри стигнале до Ното.

Властите исто така издадоа предупредувања за цунами за соседните префектури Ниигата и Тојама, предупредувајќи дека брановите таму би можеле да достигнат 3 метри.

Земјотреси се регистрирани во близина на Хоншу.

Епицентарот на послабиот земјотрес бил на длабочина од 10 километри недалеку од Анамизу. Се работи за три удари од кои најсилниот достигнал 7,6 степени.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote