Шпанката, чие семејство верувало дека починала од вирусот корона, ги изненадила своите роднини откако се вратила се вратиле дома девет дена откако им било кажано дека е погребана, објавија локалните медиуми.
По конфузијата околу името, семејството на 85-годишната Рохелија Бланко било известено дека пензионерката починала од Ковид-19 на 13 јануари, а погребот и бил следниот ден.
Поради протоколот, за време на епидемијата на коронавирусот, семејството не можеше да присуствува на погребот.
Кога пристигна жива и здрава во саботата во старечки дом во Хов, во северна Шпанија, каде што живее и нејзиниот сопруг Рамон, тој не можел да верува, пишува весникот, додавајќи дека починала жена што ја делила собата со Бланко.
Весникот ја цитираше фондацијата Сан Розендо, која управува со старечкиот дом, дека настанала грешка кога Бланко и другите жители кои биле позитивни на ковид-19 биле префрлени во друг дом за стари лица на 29 декември за специјализиран третман.
Фондацијата изрази жалење за „немилиот инцидент“.
Коментари
Loading…