in ,

WTFWTF Што?Што?

Жена во Грција добила казна за паркирање од 6.6 милиони евра! Може ли во кеш?

Жена од Грција веројатно е „добитничка“ на најскапата казна за паркирање во светот. Имено, општина на островот Родос барала од неа да плати неверојатни 6.648.444 евра за прекрѓок поврзан со паркирање на автомобилот.

За инцидентот пред неколку дена информираше локалниот весник „Родиаки“. Милионската казна на жената и е врачена во јуни годинава. Кога го отворила го отворила пликот и ја видела сумата, жената за малку ќе се онесвестела.

Следниот ден таа отишла во општината за да ја плати казната. Таму на вработената и ја покажала картичката за паркирање и и рекла дека не ќе може да плати со кредитна картичка, па би сакала да плати во кеш.

Се разбира, ова била шега која се однесува на напомената во Грција дека сите казни поголеми од 100 евра мора да се платат со картичка. Вработените во општината биле вчудоневидени од сумата и брзо утврдиле дека се работи за грешка.

Службениците не биле сигурни како сметката со огромната цифра завршила во поштенското сандаче кај жената, но таа и тоа како била среќна кога дознала дека се работи за нечија невнимателност, а не за вистинска казна од 6.6 милиони евра.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote