in ,

СлаткоСлатко

Зендаја ја носи НАЈПОПУЛАРНАТА ФРИЗУРА: Прогласена е за најдобрата за 2023-та година

Фризерот на славните личности Лук Хершесон отиде дотаму што ja прогласи за најголем тренд и за следната година, пишува магазинот Vogue. Оваа фризура со ентузијазам беше прифатена од многу ѕвезди како Хелена Кристенсен, Дуа Липа и Каја Гербер, а сега им се придружи и Зендаја – која оваа фризура ја направи своја.

На еден настан во Лос Анџелес, 26-годишната актерка се појави со краток боб и со тоа привлече големо внимание во јавноста. Разделена на страна и многу волумен е новата фризура.

Исто така, во оваа прилика Зендаја уште еднаш покажа дека е кралица на стилот. Таа носеше црна блуза со бисерни копчиња и црно-бело карирано миди здолниште од Schiaparelli. Целиот овој одличен аутфит таа го зачини со познатите чевли на Christian Louboutin.

 

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote