in

Згодната Дакота Џонсон ќе ја гледаме во најновиот филм на NETFLIX!

Популарната актерка Дакота Џонсон, ја доби главната улога во најновиот филм на Netflix кој ќе биде базиран соред книгата на Џејн Остин, Persuasion.

Филмот ќе биде режиран од страна на Кери Кракнел, а за сценариото ќе бидат задолжени Рон Бас и Алис Викторија Винслоу. Книгата ја следи приказната на Ен Елиот, 27 годишна жена која се соочува со банкрот заедно со нејзиното семејство.

Книгата е последна книга што ја напишала писателката Остин пред нејзината смрт и ова не е прва филмска адаптација на истата. Во 2007 се снимаше филм кој главната улога ја играше Сали Хокинс.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote