in

Зидан го напуштил Реал Мадрид бидејќи клубот не верувал во него!

Зинедин Зидан изјави дека го напуштил Реал Мадрид бидејќи клубот немал доверба во него.

Французинот ги напушти Кралевите по втор пат во неговата кариера на 27 мај, откако не успеа да освои трофеј во сезоната 2020/21. Зидан претходно беше менаџер на Реал од 2016 до 2018, па се врати 10 месеци подоцна во март 2019 година.

„Си заминувам, но не сум изморен од тренирањето. Го разбирам фудбалот и барањата на клуб како што е Реал Мадрид, но кога не победувате мора да си заминете. Јас сум роден победник и тука бев да освојувам трофеи. Почувствував дека клубот немаше доверба во мене повеќе“ напиша Зидан во отвореното писмо за навивачите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote