in

Зидан негира: Не сум кажал дека заминувам!

Легендарниот Зинедин Зидан ги демантираше шпекулациите кои ги пренесоа светските спортски медиуми.

Тренерот на Кралевите тврди дека не им кажал на фудбалерите дека ќе си замине на крајот од сезоната од Сантиаго Бернабеу. Тој вели дека ова не е момент кога би ја соопштил таквата одлука, бидејќи Реал е сеуште во трката за титулата во домашното првенство и не сака да ја расипе хемијата.

Неговата екипа вчера славеше против Билбао и со еден натпревар пред крајот на сезоната, сеуште има шанси да стане првак на Шпанија, но за тоа му е потребен кикс на неговиот гратски ривал Атлетико Мадрид..

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote