in ,

Зидан по поразот: Немам објаснување!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не побара изговори за поразот од Кадиз.

Како гостин, тимот на Кадиз го совлада Реал Мадрид со 1:0

“Немам објаснување. Загубивме и мора да го прифатиме тоа. Не можеме да бидеме задоволни од прикажаното, а не сме. Но, вакви работи се случуваат во фудбалот”, рече Зидан.

Zinedine Zidane

“Ја започнавме играта лошо, ни беше тешко од самиот почеток. По паузата бевме подобри, но ако не започне како што треба, тешко е да се вратиме. Се боревме и немаме оправдување за тоа”.

Францускиот стратег смета дека овој пораз нема многу да влијае на тимот.

“Го загубивме натпреварот, но ништо повеќе од тоа. Секако, пропуштивме три важни бода на домашен терен, но тоа е тоа. Мора да се фокусираме на следниот натпревар”.
Следниот натпревар на „кралскиот клуб“ е против Шахтјор во Лигата на шампионите, по што го чека „Ел Класико“ во Барселона.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote