in

WTFWTF

Зидан е подготвен да замине поради испаѓањето од трето лигашот!

Реал Мадрид беше елиминиран во шеснаесетото финале од Купот на кралот, од третолигашот Алкојан по продолженијата на домашен терен. Зинедин Зидан ја презеде одговорноста.

Беше 2:1 и Зидан не можеше да каже ништо во своја одбрана.

„Се обидовме, моите играчи дадоа се од себе, се обидовме да постигнеме уште еден гол, но не успеавме. Ова беше тежок натпревар. Јас сум виновен, јас сум тренер. Моите играчи се обидоа, но ние сепак испаднавме. Тоа е фудбал “, рече Зидан.

Не е исклучено тој да го напушти клубот, тој беше запрашан и за отказот.

„Моравме да победиме, но тоа сепак не се случи. Вакви работи се случуваат, ние ќе продолжиме да работиме, ова е тажен ден за нас. Не сакаме да губиме, но сега нема да полудиме поради тоа. Моите играчи веруваат во мене, иако треба да ги прашате и нив. Направивме добри работи оваа сезона, не се снајдовме добро во последните четири натпревари, но сега останува на нас да се свртиме кон Ла Лига и Лигата на шампионите. Сите порази се болни, не можам да кажам дека овој е најболен. Јасно е дека преземам целосна одговорност и што ќе се случи ќе се случи. Јас сум мирен “, заклучи Зидан.

Тој веќе беше под напад поради заминувањето на Лука Јовиќ, бидејќи на стартот, српскиот репрезентативец се покажа добро во натпреварот против Ајнтрахт.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote