in

„Зидан знае што се случува кога нема резултати“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос е убеден дека тренерот Зинедин Зидан ќе најде начин да го врати клубот на вистинскиот пат.

„Кралскиот клуб“ моментално е четврти на табелата во Примера, добро со само една победа во Лигата на шампионите.

“Ни недостасува нешто, не е тајна. Сите го гледаат тоа”, рече Крос.

“Потребен ни е континуитет. Ако ги погледнете резултатите, имаме две добри, а потоа лоши, повторно две добри и повторно лоши … Треба да бидеме подобри, да напредуваме, ако сакаме да освоиме нешто”.

Затоа, претходните денови се шпекулираше дека Зидан може да биде заменет.

“Секој знае дека се поставуваат прашања штом не исполните одредени очекувања. Ова е нормално во Реал. Веќе бевме во ваква ситуација со Зидан и се извлековме. Тој е првиот што знае што се случува во овој клуб доколку нема резултат. Сепак, сигурен сум ќе најде решение “.

Реал игра против Виљареал по репрезентативната пауза.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote