in ,

УбавоУбаво

Зимското сметање на времето започнува од викендов

Претстојниот викенд почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 3 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ.

 

Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско време за првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од Октомври оваа година, ова е најверојатното последното преминување од летен во зимски мод.

Стрелките на часовникот не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote

Логирај Се

Ја заборавивте лозинката?

Немате сметка? Регистрирај се

Ја заборавивте лозинката?

Лесно и едноставно вратете ја вашата сметка!

Линкот за ресетирање на вашата лозинка не е валиден или е истечен.

Логирај Се

Privacy Policy

To use social login you have to agree with the storage and handling of your data by this website. %privacy_policy%

Додај во колекција

No Collections

Here you'll find all collections you've created before.