in

Реал Мадрид потврди: Зидан заразен со коронавирус!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се зарази со коронавирус, потврди „кралскиот клуб“.

„Реал Марид потврдува дека нашиот тренер Зинедин Зидан доби позитивен резултат на тестот за коронавирус“, се наведува кратко во соопштението.

Зидан требаше да одржи прес-конференција во петокот пред дуелот со Алавес. „Кралскиот клуб“ тогаш објави дека францускиот стручњак е заразен со вирусот корона.

Зидан ќе биде изолиран, па ќе ги пропушти следните неколку натпревари на Реал. Не е наведено дали има некои симптоми.

Функцијата прв тренер треба да ја извршува Давид Бетони, асистент во стручниот штаб на Зидан.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Французинот го водеше тренингот во четвртокот, каде разговараше со играчите за дебаклот во Купот на кралот и поразот од третолигашот Алкојано.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote