Резултатите од најновата вакцина против коронавирусот ќе се почувствуваат за време на летото, а нормализацијата на животот целосно ќе се врати во зима, според еден од креаторите на вакцината. Професорот Угур Сахин, ко-сопственик на BioNTech, исто така верува дека вакцината ќе има огромно влијание врз пренесувањето на вирусот.

Минатата недела, BioNTech заедно со неговиот партнер Pfizer изјави дека ефикасноста на нивната вакцина е 90%, според првичните резултати. 43,000 лица учествуваа во тестирањата на овие две компании. Во интервју со BBC, Сахин изјави: „Тврдам дека трансмисијата на вирусот помеѓу луѓето ќе се намали од вакцината за околу 50%, и тоа ќе помогне да се стави крај на пандемијата.“
Коментари
Loading…