in

Ибрахимовиќ во Санремо со „Утро е“ на Нада Топчагиќ! [ВИДЕО]

Прославениот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се појави на сцената на италијанскиот фестивал Санремо со воведните моменти на песната „Јутро је“ на фолкерката Нада Топчагиќ.

Ибрахимовиќ, инаку фудбалер на моментално второпласираниот тим на Серија А, Милан, ќе биде еден од домаќините на најголемиот италијански музички фестивал, а неговото појавување на сцената беше придружено со музика од оваа Нада Топчагиќ.

Изборот на организаторите секако не беше случаен, имајќи предвид дека Ибра претходно постави видео во кое со ужива за време на карантинот со една од најпопуларните српски народни песни.

“Не знам што да кажам. Фасцинирана сум и пресреќена. Во сета оваа тага, ова е една светла точка. Би сакала да се сретнам со него, иако го сретнав неговиот татко порано, но тоа е долга приказна. Горда сум на успехот на спортистите и тие живеат 100 години. Ибрахимовиќ, секоја чест за изборот на песната, Надица те сака“, рече Топчагиќ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote