in

WTFWTF

ЗЛАТЕН ТОСТ СО АВОКАДО ОД ТРИ МИЛИОН ДОЛАРИ ! ВИДЕО

На Неделата на уметност во Берлин, која заврши завчера, беше претставен најскапиот тост на светот – скулптура излиена во злато вредна дури три милиони долари!

 

Авторот на ова парче, Тим Бенгел, искористи вистински тост од авокадо како шаблон и направи 27 три -димензионални модели на одделни парчиња сендвич – пет парчиња авокадо, пет парчиња домат, десет листови рукола, пет прстени од кромид и две половини печиво.

 

Потоа секое парче го излијал во 18-каратно злато и повторно го составил во сендвич. Скулптурата тежи нешто повеќе од 11 килограми, а германската галерија „Ротер“, преку која се организира продажбата, дизајнираше кутија вредна 47.000 долари за овој златен тост.

Бенгал рече дека овој „тост е статусен симбол на милениумската генерација, што претставува богатство, кондиција, статус и здрав начин на живот“.

Тој го поврза своето уметничко дело со митот за кралот Миди, кој се претвори во злато со допир, за на крајот да умре од глад.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote