in

Златна маска за лице од куркума – Зачин кој, го успорува стареењето, ги брише брчките и дамките!

Знаеме дека куркумата е добра за здравјето и на кој начин придонесува за убавината на кожата? Дали е тоа вистина или мит? Како се користи?

Куркумата е супер моќен зачин што доаѓа од Индија, познат е по многуте лековити својства, а последниве години и ние научивме да го користиме во готвењето. Истражувањата ги потврдуваат лековитите својства и ефектите на куркумата се поочигледни, но знаете ли дека овој зачин не е популарен само во кујната, туку и како состојка за нега и чистење на кожата.

Медицинските својства на овој зачин се откривале со векови, меѓу другото откриено е дека куркумата има силни антивоспалителни својства, што значи дека е совршен во борбата против акните и слични воспаленија на кожата.

Во тој контекст еве една златна маска од Индија на база на куркума, која е идеална за секој тип на кожа и за секој проблем што се појавува на неа. Најефективна е во отстранување на дамки и лузни од акни и митесери. Исто така, помага да се спречи ширењето на инфекции по истиснување на акните и митесерите, намалувајќи ги лузните и хиперпигментацијата. Покрај тоа, куркумата го успорува стареењето, ја стимулира циркулацијата, помага во одржувањето на здравиот тен и го намалува црвенилото.

Оваа маска од куркума, се покажа како многу корисна, со додавање на некои други состојки кои се корисни за лицето.

Маска од куркума

  • половина лажичка куркума во прав
  • половина лажичка јаболков оцет
  • лажица мед
  • половина лажичка јогурт или кефир ( може да додадете млеко ако немате јогурт)
  • половина лажичка сок од лимон (куркумата овде се користи за дамки на лицето)

Измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето, избегнувајќи ги очите. Оставете ја маската да делува околу половина час и потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Оваа маска можете да ја користите 2-3 три пати неделно.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote