in

Златник од 18 век е продаден за 9,3 милиони долари!

Редок златник, направен од истакнат занаетчија во Њујорк во 1787 година, беше продаден на аукција во Далас за 9,36 милиони долари.

Аукциската куќа Heritage ја понуди златната монета Њујорк Брашер Доблун на нумизматичката аукција на американски монети.

Heritage соопшти дека ова е најскапата златна паричка платена на аукцијата и дека купувачот сака да остане анонимен.

“Брашер Доблун е еден вид свет грал за колекционерите и познавачите на монети. Оваа златник е најпознатата и најпосакуваната монета”, рече Тод Имхоф, извршен потпретседател на Heritage”.

Од седумте Брашер Доблун чие постоење е познато, овој е со најдобар квалитет, рече Имхоф. Потекнува од колекцијата на починатиот њујоршки бизнисмен Доналд Г. Патрик, кој ја купи во 1979 година за 725.000 американски долари.

Американската ковачница започна да прави монети дури во 1793 година. Пред тоа, монетите во оптек имаа колонијално потекло, од приватни ковачи или работилници за странски занаети, рече Имхоф.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote