in

СлаткоСлатко

ХРАБРО СРЦЕ НА РУДАР! Спасија младенче од поларна мечка! [ВИДЕО]

Рударите на Арктикот со месеци хранеа напуштено младенче од поларна мечка и успеаја да го скротат. Од благодарност, младенчето ги посетуваше секој ден и им дозволуваше да му помогнат, сè додека не беше префрлен во зоолошката градина.

Спасувачките екипи од зоолошката градина во Москва успешно фатија бела мечка – сираче. Првпат го пронајдоа рударите на злато на Арктикот и се грижеа, сè додека не ја презеде зоолошката градина.

Младенчето е пронајдено само на оддалечениот остров Болшевик, една од најсеверните територии на Русија.

Се верува дека ја изгубила мајка си, па само душкала во базата на рударите, најверојатно барајќи храна. Тогаш тој беше премногу млад за да научи правилно да лови.

Кога го виделе рударите, започнале да го хранат беспомошното животно. Меѓусебната доверба растеше, па рударите успеаја да го скротат дивиот ѕвер, кој сега се однесува како куче, според спасувачите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote