in

Што?Што?

Златото падна на најниска вредност во последните две години: Експертите откриваат две причини за тоа

Цената на златото падна на најниската вредност во последните две години, по период на интензивен раст. Експертите тврдат дека има две причини зад падот на цената на златото.

Цената на златото на светскиот пазар падна во првата половина на септември под границата од 1.700 долари за унца, првпат од март-април 2020 година.

– Пазарот на злато реагираше на намерите на американската централна банка да воведе нови мерки во борбата против инфлацијата – изјави Карстен Менке, главен истражувач во компанијата „Јулиус Баер“, една од најстарите швајцарски банкарски институции.

Причината за тоа е што се очекува зголемување на каматните стапки поради мерките на американската Централна банка, кои на инвеститорите им ветуваат поголема заработка за вложување пари од златото, кое носи помал принос.

Цената на златото е нормално чувствителна на нивото на каматните стапки во САД, бидејќи нивниот раст ги привлекува инвеститорите да даваат пари „на камата“ наместо да ги инвестираат во купување злато, според експертите. Вредноста на унцата падна за дури 380 долари од март, кога го достигна врвот и американската Централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2018 година, пренесува Ројтерс.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote