in

Што?Што?

Ова се знаци на болен црн дроб, а се појавуваат на нашата кожа, тврдат лекарите

ЦРНИОТ ДРОБ е клучен орган за варење на храната и ослободување од телото од токсични материи. Според клиниката Мајо, болестите на црниот дроб можат да бидат наследни, но и предизвикани од различни фактори кои го оштетуваат црниот дроб, како што се вируси, консумирање алкохол или дебелина. Со текот на времето, состојбите што го оштетуваат црниот дроб и не се лекуваат може да доведат до откажување на црниот дроб, состојба опасна по живот.

Токму затоа, предупредуваат лекарите, потребно е навреме да ги препознаеме симптомите кои укажуваат на заболен црн дроб, а некои од нив се појавуваат и на нашата кожа.

 

  • жолтица
    чешање на кожата
    осип
    склоност кон модринки
    деформација на ноктите
  • точки црвени точки од кои крвните садови се шират како пајакова мрежа
    Секој од овие симптоми укажува дека е неопходно да се побара лекарска помош бидејќи, иако не мора, овие појави често укажуваат на заболувања на црниот дроб. На пример, жолтицата често е знак за хепатитис или цироза, чешањето на кожата често укажува на холестаза, додека деформацијата на ноктите обично укажува на хронично заболување на црниот дроб.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote