in

Знаете ли што се може кафето да ви направи?

Навиката да се пие кафе, за многу луѓе е уживање кое не може да се спореди со ништо друго. Кафето има свои предности но и опасни недостатоци кои зависат од количината на кафе што ја конзумирате дневно.  Дознајте како бројот на испиени шолји кафе може да влијае на телото, здравјето и располжението.

1 Филџан дневно

Предност: Го регулира крвниот притисок и позитивно влијае на жилите. Одличен антиоксиданс и влијае на мозочната активност.
Недостатоци:  Доволно да ви го поремети сонот и да ве држи будни во текот на ноќта, бидејќи се потребни дури 8 саати за кофеинот да исчезне од телото. Избегнувајте да го пиете кафето доцна навечер.

2 Филџана кафе

Предности: Одлична превенција против Алцхајмерова болест, односно од таа доза на кофеин расне количината на протеини во мозокот која влијае на губењето на помнење. Доколку испиете две шолји кафе 30 минути пред некоја физичка активност тоа ќе ви овозможи голема доза на енергија
Недостатоци: Во бременоста е преголема доза, бидејќи произведува хормон кортизола и адреналин па може да предизвика апонтан абортус.

3 Филџана дневно

Предности: Спречуваат настанување на рак на јајниците кај жените. Кај мажите позитивно влијае затоа што спречува настанување на камен во жолчката.
Недостатоци: Го зголемува ризикот за срцев удар.

4 Филџана кафе

Предности: Содржат 400 милиграми кофеин што е голем антиоксиданс кој го „чисти“ организмот и помага при борбата со различни видови на тумор, рак на простата и дијабетис од типот 2.
Недостатоци: Големата количина кофеин доведува до ревматски артритис и доведува до зголемена нервоза.Навиката да пијат кафе за многу луѓе е уживање кое не може да се спореди со ништо друго.

Можете да уживате во утринската шолја кафе без грижа на совест. Сепак треба да имате на ум дека нема доволно докази кои би го охрабриле консумирањето кафе. Потребни се повеќе истражувања за да се утврди какво е навистина влијанието на кафето врз човековото здравје. За мнозинството луѓе, умереното консумирање е навика со мал ризик која можеби ќе се претвори во едно од поздравите нешта што ги прават.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote