in

Зошто целерот е неверојатно здрав?

Целерот е богат со витамини, калциум, магнезиум и калиум, и навистина е корисен за вашето здравје. Прочитајте ги следниве неверојатни здравствени придобивки од овој зеленчук кои ќе ве натераат да го вклучите во вашата секојдневна исхрана.

1. Целерот го намалува крвниот притисок

Високиот крвен притисок може да предизвика повеќе здравствени проблеми, вклучувајќи и срцев удар. За да го контролирате крвниот притисок потребно е здраво да се храните, а нема ништо поздраво од целерот. Тој содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормоните за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот кој се наоѓа во целерот ги стабилизира срцевите отчукувања.

2. Одлично се бори против ракот

Едно од најважните нешта за целерот е тоа што има лековити својства против ракот. Едно истражување докажало дека целерот содржи лутеолин, соединение кои го намалува производството на клетките на ракот. Секојдневното консумирање значително го намалува и ризикот од рак на дојка.

3. Ги намалува воспаленијата

Целерот може да ви помогне да ги отстраните хроничните воспаленија кои се исклучително опасни и можат да доведат до дијабетес и Алцхајмерова болест. Хипократ напишал дека целерот ги смирува нервите и може да ви ги ублажи симптомите на астма, болка во зглобовите, инфекции на белите дробови и акни.

4. Го намалува нивото на холестерол

Целерот содржи 3-Н-бутилфталид, единственото соединение кое го одржува нивото на холестерол. Целерот го намалува холестеролот и го чува срцето здраво.

5. Ја зголемува плодноста кај мажите

Некои нови истражувања покажале дека денес младите луѓе имаат помала количина сперма од своите предци. Намалувањето на продуктивноста влијае на намалувањето на плодноста. Со додавање на целерот во вашата исхрана, вие ги зголемувате бројот и подвижноста на сперматозоидите.

6. Го подобрува варењето

Целерот содржи многу вода и тоа може да помогне во олеснување на варењето. Тој исто така содржи и соединение наречено „NBP“ кое ја подобрува циркулацијата низ цревата.

7. Целерот помага при слабеење

Целерот е совршен продукт кој треба да го додавате во скоро секое јадење доколку сакате да изгубите тежина. Целерот е богат со хранливи состојки и содржи многу малку калории.

Рецепт за прочистување на организмот

Потребни состојки:

2 грста спанаќ

  • половина краставица (хидрира, го чисти организмот и смирува)
  • 1/4 стебло од целер (добро за коските)
  • 1 гранче магданос (добро за циркулација и срце)
  • 4 лисја свежа нане (одличен вкус, и смирува и релаксира)
  • 3 моркови (добро за кожата, очите)
  • 2 зелени јаболка, излупени (јаболко како јаболко, добра за се)
  • 1/4 портокал (добро за метаболизам)
  • 1/4 лимента(чист, против камења во бубрег)
  • 1/4 лимон (добро за секого, чисти, смирува, освежува, штити од вируси)
  • 150 гр ананас (за варење, полн со витамини, слатко здравје)
  • ѓумбир, корен, големина на палец, сецкани (добро за целото тело)

Изблендирајте и сервирајте.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote