in

Што?Што?

Зошто имате главоболка веднаш по будењето?

Будењето со главоболка не е добар почеток на денот. Ако се разбудите со тапа, остра или пулсирачка болка, тоа ве исцрпува уште на стартот на денот.

Главоболката по будењето кај некои луѓе трае кратко, додека некои чувствуваат болка и подоцна во текот на денот.

Постојат неколку причини поради кои ве боли главата во утринските часови:

Лошо сте спиеле

Несоницата може да биде причина за главоболка. Научниците пронашле јасна врска помеѓу недостатокот на сон и мигрена и тензична главоболка. Недостатокот на сон го намалува прагот на болка и ги прави луѓето почувствителни на главоболки.

Дехидратација

Доколку не пиете доволно вода, можно е да се разбудите со главоболка. Дехидратацијата предизвикува главоболки кои можат да бидат релативно благи или силни како мигрена.

’Рчење

Нарушениот сон предизвикан од ’рчење или апнеа исто така може да биде причина за главоболка по будењето. Но, главоболката која е поврзана со апнеа трае помалку од 30 минути.

 

Лекови и алкохол

Лековите можат да бидат причина за главоболка и во тој случај треба да се посоветувате со вашиот доктор за промена на терапијата. Исто така, големите количини на алкохол можат да доведат до утринска главоболка, еден од главните симптоми на мамурлакот.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote